Корисничко име Лозинка Пријави се
11.10.2013

Македонија со нов селектор против некомплетниот Велс

Вечерва во Кардиф (20:34 ч.) македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Бразил.

Зоран Стратев ќе има деби на селекторската клупа, а најверојатно Македонија ќе почне со Пачовски на голот, во одбраната Стефан Ристовски и Алиоски на десната и левата бековска позиција, Новески и Шиков во срцето на одбраната.
Битката на средината на теренот ќе ја водат Демири, Ибраими, Ивановски и Ранѓеловиќ или Тасевски, а во нападот ќе бидат Пандев и Јаховиќ.
Стратев, кој во моментов е в.д. селектор по заминувањето на Јаневски, се надева дека со овој состав Македонија може да избори поволен резултат против Велс по септемвриската победа од 2-1 на Националната арена „Филип II“.
Најголемата ѕвезда на Велс и најскапиот светски фудбалер Герет Бејл, нема да биде во составот поради повредите кои го мачат во последно време. Арон Рамзи, фудбалерот на Арсенал, иако пропушти неколку тренинзи, сепак ќе биде меѓу стартерите, заедно со Крег Белами кој по завршувањето на овој квалификациски циклус најави пензионирање од велшката репрезентација.
Во нашата група А, мечот на одлука се игра вечерва во 18 часот во Загреб меѓу Хрватска и Белгија, а на Белгијците име потребен само бод за да обезбедат пласман на Светското првенство во Бразил.

Најнови вести