Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2014

Габи, Ерера, Агире обвинети за местење натпревари

Габи, капитенот на Атлетико Мадрид, Андер Ерара, фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хавиер Агире, селекторот на Јапонија, и уште 18 лица се обвинети за местење натпревари во Примера лигата.

Спорниот натпревар поради кој вчера беше поднесено обвинение во Валенсија е триумфот на Сарагоса над Леванте со 2-1 во последното коло од сезоната 2010/11.
Благодарение на таа победа, Сарагоса тогаш избегна испаѓање од Примера лигата. Мексиканецот Агире во тоа време беше тренер на Сарагоса, додека Ерера и Габи играа за клубот.
Исто така, обвинети се и поранешниот претседател на Сарагоса Агапито Иглесијас и клубот, како и сите играчи што играле тогаш на натпреварот.
Во обвинението се истакнува дека на играчите на Леванте им било уплатено вкупно 965.000 евра за намерно да го изгубат натпреварот.
Сарагоса прво им уплатила бланко-трансфери на своите играчи и на официјалните лица, вклучувајќи ги Агире, Ерера и Габи, коишто потоа им ги препратиле на играчите на Леванте.
Судијата кому му е доделен случајот наскоро ќе донесе одлука дали тие ќе одат на суд или не.

Најнови вести