15.11.2011 Фудбалерите на Камерун штрајкуваат
Камерунските репрезентативци почнаа со штрајк бидејќи не им се исплатени ветените хонорари, така што е откажан пријателскиот натпревар против Алжир.
„Ова откажување е резултат на проблемите во камерунскиот национален
состав“, се вели во краткото соопштение на Алжирската фудбалска федерација.
Играчите на Камерун изјавија дека штрајкуваат поради незадоволството од
неисплатените хонорари за учество на турнирот на четирите нации којшто беше
одигран минатиот викенд во Мароко.
„Одлучивме да не патуваме за Алжир, а на камерунските фудбалски власти им
апелираме да се придржуваат до договореното“, беше истакнато во соопштението што
го потпишаа сите членови на репрезентацијата.