Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2016

ФС на Камерун: Матип би можело да сноси последици

Фудбалскиот сојуз на Камерун го предупреди Жоел Матип, дефанзивниот играч на Ливерпил, дека би можело да се соочи со реакција на Сојузот откако го одби повикот да настапи за својата земја на Африканскиот куп на нациите.

Матип нема играно за репрезентацијата од 2014 година поради лошото искуство што го имал во текот на претходните настапи за државниот тим. Откако повторно го одби повикот од репрезентацијата, Фудбалскиот сојуз на Камерун излезе со соопштение во кое се вели дека седуммина играчи одбиле да настапат за репрезентацијата.
„Седуммина играчи му се јавија на селекторот и му соопштија дека нема да му бидат на располагање за Купот на африканските нации. Жоел Матип не сака да настапи за репрезентацијата поради претходните лоши искуства. Овие играчи ги ставаат своите лични интереси пред интересот на државниот тим, а на некои од нив репрезентацијата многу им помогна да станат играчи какви што се денес. Фудбалскиот сојуз на Камерун го задржува своето право кон овие играчи да преземе одредени акции коишто се во склоп со прописите на ФИФА. И покрај сето наведено, селекторот ја уверува јавноста дека ќе го состави најдобриот тим од играчи  коишто се мотивирани да ги бранат боите на Камерун“, пишува во соопштението.
Во правилникот на ФИФА, во делот во којшто го регулира статусот и трансферите на играчите, стои општо правило во кое се вели дека играчот има обврска потврдно да одговори на повикот од репрезентацијата која би требало да ја претставува.

Најнови вести