Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2015

Лил го отпушти тренерот Ренар

Фудбалскиот клуб Лил го отпушти тренерот Ерве Ренар после 13 натпревари поминати на клупата на францускиот прволигаш.

Досегашниот помошен тренер Патрик Кол ќе ја преземе функцијата на шеф на стручниот штаб додека не се одбере нов тренер, наведе Лил во соопштението.
Ренар ова лето на клупата на Лил го замени Рене Жирар.
Лил после 13 одиграни кола во францускиот шампионат се наоѓа на 13 тото место на табелата со исто толку освоени бодови.

Најнови вести