Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2016

Трансферот на Буфал рекорден за Саутхемптон

Англискиот премиерлигаш Саутхемптон го купи Софијан Буфал, играчот за врска на Лил, за 16 милиони фунти, со што го собори клупскиот рекорд во висина на трансферите.

Дваесет и двегодишниот марокански офанзивен играч со „светците“ потпиша договор на пет години, додека останатите детали на соработката не се објавени. Претходниот најголем трансфер на Саутхемптон беше доведувањето на напаѓачот Дани Освалдо од Рома во 2013 година, кој го чинеше 15 милиони фунти.
„Буфал е играчот чиишто партии внимателно ги следевме последните неколку години, многу сме задоволни што ни се придружува. Убедени сме дека брзо ќе се адаптира на Премиер лигата“, изјави Лес Рид, извршниот директор на Саутхемптон.
Освен Софијан Буфал, во Саутхемптон летово стигнаа и: Нејтан Редмонд од Норвич, Пјер-Емил Хојбјерг од Баерн, Алекс Мекарти од Кристал палас и Жереми Пјед од Ница, а на клупата Холанѓанецот Роналд Куман го замени Французинот Клод Пуел.

 

Најнови вести