Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2017

На Лил му се забранети трансфери, се наоѓа пред исфрлање од Лига 1

Националната дирекција за контрола на менаџмент објави дека на фудбалскиот клуб Лил му е воведена забрана за трансфери во зимскиот преоден рок поради финансиската ситуација.

Дирекцијата е надлежна за контрола на финансиите во француските клубови, а има голема можност Лил да не биде казнет само со тоа што нема да може да ангажира играчи во јануари.
„Паризиен“ пренесува дека финансиската ситуација на Лил е таква што постои можност клубот да биде директно исфрлен во Лига 2 на крајот на оваа сезона, без оглед на тоа која позиција ќе ја заземе.
Лил моментно е во лоша позиција и на табелата во Лига 1, се наоѓа на 18-тото место, кое води во баражот за опстанок во елитата.
При донесувањето на одлуката за забрана на трансфери, Дирекцијата ги сослушала челниците на Лил, коишто изминатото лето на трансфери потрошиле 60 милиони евра. Во соопштението на францускиот клуб се наведува дека не очекувале таква одлука и најавија дека сите ќе ги убедат дека финансиите им се во ред.
Француските медиуми пренесуваат дека Лил поради последните случувања ќе биде принуден да го задржи Марсело Бјелса, кој е суспендиран бидејќи без дозвола на клубот отишол во Чиле за да го посети поранешниот асистент кој боледува од рак. Бјелса за раскинување на договорот бара девет и пол милиони евра, што францускиот клуб во овој момент не може да си ги дозволи.

Најнови вести