Корисничко име Лозинка Пријави се
07.7.2016

Бјелса е новиот тренер на Лацио

Аргентинскиот фудбалски тренер Марсело Бјелса е именуван за шеф на стручниот штаб на Лацио, соопшти клубот од Италија.

Бјелса во италијанската престолнина со своите соработници ќе допатува во сабота кога ќе го преземе тимот.
Тој од првиот ден минатата сезона поднесе оставка во Олимпик Марсеј.
Покрај Марсеј, Бјелса беше тренер и на Атлетик Билбао, Еспањол, на аргентинскиот тим Велес Сарсфилд, мексиканскиот тим Америка, како и на Атлас, но и на Њуелс олд бојс.
Покрај клупските ангажмани, шеесет годишниот аргентински стручњак беше селектор и на репрезентациите на Чиле и Аргентина.

 

Најнови вести