Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2013

Фудбалерите на Лил немаат примено погодок 1035 минути!

Во неверојатна серија, вчера фудбалерите на Лил, во натпреварот од францускиот шампионат, пред своите навивачи го победија Марсеј со 1-0.

Лил со натпревар повеќе се наоѓа на второто место на табелата и има само еден бод помалку од водечкиот ПСЖ, но неверојатно звучи податокот дека клубот во првенството нема примено погодок 1035 минути. Ниту една екипа во Европа моментно не може да се пофали со таква серија.
Последниот погодок Лил го прими на 15-ти септември. Тогаш Лил загуби на домашен терен од Ница со 2-0, а двата погодоци ги постигна хрватскиот Аргентинец Дарио Цвитаниќ.
По тој натпревар, Лил во десет средби оствари осум победи и двапати ремизираше без погодоци.
Оваа сезона, во текот на сите 16 натпревари на францускиот шампионат Лил прими само четири погодоци (на домашен терен само споменатите два на Цвитаниќ).

Најнови вести