Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2013

Ренар ја напушти Замбија и го презеде Сошо

Францускиот стручњак Ерве Ренар го напушти местото селектор на Замбија и го презеде францускиот Сошо, соопшти Фудбалската федерација на Замбија.

Ренар ја доведе Замбија до титулата шампион на Африканскиот куп на нациите во 2012 година, што беше едно од најголемите изненадувања во историјата на тоа натпреварување.
Замбија на пенали тогаш го победи Брегот на Слоновата Коска, бидејќи регуларниот дел од натпреварот беше завршен без голови.
Оваа година Ренар со Замбија не успеа да ја помине првата фаза од натпреварувањето во Африканскиот куп на нациите.

Најнови вести