Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2012

„Слоновите“ и Замбија во финалето на Купот на африканските нации

Репрезентациите на Брегот на Слоновата Коска и на Замбија во финалето на Купот на африканските нации во недела ќе одлучат кој ќе биде новиот владетел на Црниот континент.

„Слоновите“ имаат шанса да играат за трофејот откако во полуфиналниот дуел ја совладаа репрезентацијата на Мали со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Жервињо во 44-тата минута, на асистенција на Јаја Туре, со што ја оправдаа улогата на фаворит пред почетокот на турнирот.
Во првото полуфинале Замбија направи голема сензација елиминирајќи ја фаворизираната репрезентација на Гана, која во своите редови има многу звучни имиња. Аутсајдерот играше тактички одлично и ја чекаше својата шанса преку контранапади, што и се случи во 78-тата минута, кога Мајука ја погоди мрежата на Гана за голема радост на Замбија.
Натпреварот за третото место меѓу Гана и Мали ќе се игра во сабота во Малабо, а финалето во недела во Либревил. И двата натпревари се играат во 20 часот.

Најнови вести