Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2016

Туре: Итно нов договор или си заминувам

Фудбалерот за врска на Манчестер сити Јаја Туре се заканува дека ќе го напушти клубот од „Етихад“ доколку најдоцна до крајот на следната седмица не се договори околу условите на новиот договор.

Неговиот менаџер Димитри Селјук потенцираше дека „граѓаните“ во зимскиот преоден рок ја одбија понудата за репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска од еден кинески прволигаш.
„Следната седмица мораме да се договориме дали договорот ќе биде продолжен“, изјави Селјук.
„Во спротивно, Туре ќе го напушти Сити. Доколку го промени клубот, нормално, тоа нема да го стори за друг тим од Англија“, додаде агентот на Туре.
Искусниот играч за врска во Манчестер сити пристигна во 2010 година од Барселона, а играше уште и за Монако, Олимпијакос, Металург Донецк и Беверен.

Најнови вести