Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2016

Пеп: Би сакал Јаја да го вратам во тимот, но...

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека би сакал Јаја Туре да го врати во тимот.

Тој изјави дека сепак не е исполнет основниот предуслов, односно дека не стигнало извинување од неговиот менаџер.
Гвардиола на стартот на сезоната го отстрани Туре од тимот поради изјавата на неговиот менаџер Димитри Селук по одлуката да не биде лиценциран за Лигата на шампионите.
„Ако ја освои Лигата на шампионите, лично ќе отидам во Англија и ќе му речам дека е најдобриот менаџер на светот, но ако не успее, верувам дека Пеп ќе може да ја признае грешката“, изјави тогаш Селук.
Гвардиола и Сити одлично ја отворија сезоната со десет победи, но на последните пет не знаат за триумф.
Вечерва Сити има нов предизвик – дуелот против градскиот ривал Јунајтед на „Олд Трафорд“ во Лига купот на Англија.

Најнови вести