Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2016

Лоша вест за Манчестер сити

Играчот за врска на Манчестер сити и водачот на тимот на Мануел Пелегрини Јаја Туре ќе го пропушти натпреварот со Реал Мадрид поради повреда на задната ложа.

Јаја Туре во саботниот натпревар против Свонси се здоби со повреда на задната ложа, а лекарските прегледи потврдија дека ќе мора да го пропушти првиот полуфинален натпревар со Мадриѓаните.
Освен Јаја Туре, останатите играчи на Сити се подготвени за овој натпревар, а се очекува наместо него во стартната постава покрај Фернандињо да игра Фернандо.
Првиот натпревар од полуфиналето меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид е на програмата за утре во стандардниот термин од 20:45 часот.


Најнови вести