12.3.2012 Сидни Гову ќе го пропушти остатокот од сезоната
Сидни Гову, крилниот напаѓач на францускиот фудбалски прволигаш Евијан, ќе го пропушти остатокот на сезоната бидејќи ја пукна Ахиловата тетива.
Некогашниот француски репрезентативец, 32-годишниот Гову, кој фудбалското име го стекна во времето кога го носеше дресот на повеќекратниот шампион Лион, на крајот на првото полувреме од домашниот дуел со Сошо ја повреди Ахиловата тетива, па веднаш беше префрлен во болница каде што му беше утврденo пукање на тетивата, по што ее проценува дека закрепнувањето ќе трае околу три месеци.
По барањето на формата и прилагодувањето на новиот тим на почетокот на сезоната, Гову вистинскиот ритам го фати во вториот дел, а беше и стрелец во последните два натпревари против Рен и Каен.
Евијан на крајот беше поразен од најлошата екипа во лигата, Сошо, со 3-2.