Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2011

Дијавара продолжува со Марсеј

Сулејман Дијавара, сенегалскиот дефанзивен играч, потпиша едногодишно продолжување на договорот со Марсеј, кое ќе го врзе за клубот од „Велодром“ до 2014 година.

Дијавара во Марсеј дојде од Бордо во 2009 година и во тандем со Камерунецот Стефан Мбија одигра една од клучните улоги во освојувањето на титулата во францускиот шампионат во својата прва сезона во клубот.

„Многу сум среќен што ќе ја продолжам својата авантура со Марсеј. Би сакал да им се заблагодарам на директорите и на тренерот за довербата. И понатаму сакам да освојувам титули со овој клуб. Тука сум две и пол години и тука се гледам како ја завршувам кариерата“ , рече триесет и две годишниот поранешен фудбалер на Ле Авр, Сошо, Чарлтон и Бордо.

Најнови вести