Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2018

Барса ѝ го расипа трансферот на Рома, веќе го чекаа Малком

Трансферот на Бразилецот Малком од Бордо во Рома беше речиси завршена работа, но францускиот клуб добил многу подобра понуда од Каталонија и целата работа изгледа е откажана.

Новинарите изјавија дека навивачите на Рома веќе се собрале на аеродромот на италијанската престолнина за да го дочекаат бразилскиот фудбалер и да му посакаат добредојде во италијанскиот клуб. Рома инаку веќе објави дека трансферот на овој фудбалер е завршена работа, но изгледа дека Бордо го променил мислењето и решил да ја прифати многу побогатата понуда од Барселона.
Понудата на Рома беше околу 30 милиони фунти, додека Барса успеала да му го промени мислењето на францускиот клуб со понудата од околу 40 милиони, а плус би плаќала и бонуси по партиите на одличниот Бразилец.
Сето ова на социјалните мрежи предизвика голем бес кон Барселона и кон Бордо поради тоа што е прекршен договорот со италијанскиот клуб.
Малком беше ено од најголемите откровенија на француската Лига 1, а со оглед на тоа што има само 21 година, Малком е и сериозна инвестиција за во иднина. Во текот на двете сезони со „жирондинците“ Малком даде 20 гола на 84 натпревари, а сè уште чека деби во бразилската репрезентација.

Најнови вести