Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2013

Тијаго Силва подготвен за Марсеј

Претстојниот викенд на распоредот е натпреварот од 26-тото коло на првата француската фудбалска лига, воедно и дерби, меѓу ПСЖ и Марсеј.

Клубот од Париз за таа средба можно е да добие засилување, но не Дејвид Бекам, туку одличниот бразилски стопер Тијаго Силва, кој денес би требало да го одработи првиот тренинг со првата екипа по закрепнувањето од повредата.
Дваесет и осумгодишниот Силва го повреди бутниот мускул во натпреварот од 20-тото коло од францускиот шампионат против Ажаксио (0-0), па оттогаш не му е од помош на ПСЖ во официјалните натпревари. Но тоа не го спречи парискиот клуб да оствари шест победи во низа, а таа е прекината минатиот викенд, по малку неочекувано, со поразот од 2-3 на гостувањето кај Сошо.
И покрај поразот, ПСЖ и понатаму е водечки состав на првенствената табела, со три бодови повеќе од Лион и пет од својот следен противник.

Најнови вести