07.6.2011 Франсис Жило нов тренер на Бордо
Франсис Жило е нов тренер на Бордо, откако потпиша двегодишен договор со францускиот клуб.
Жило минатата
година го предводеше Сошо, кој во првенството на Франција заврши петти на
табелата, по што избори пласман во Лигата на Европа. На клупата го наследи Ерик
Бедуе, кој стана тренер на „жирондинците“ на три кола пред крајот, по оставката
на Жан Тигана, кој даде оставка токму по поразот од Сошо од 4-0 по што навивачите
го навредуваа него и неговото семејство.
Бордо, шесткратниот
шампион на Франција, првенството го заврши на седмото место.