Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2015

Бордо потпиша со Швеѓанецот Телин

Францускиот фудбалски прволигаш Бордо потпиша договор со шведскиот напаѓач Исак Кисе Телин, соопшти клубот.

Бордо договорот со 22-годишниот играч го потпиша на четири и пол години. Телин вчера ги поминал лекарските прегледи, а потоа го официјализирал договорот.
Деталите не се објавени, но медиумите наведуваат дека цената на трансферот од Малме изнесува 3,5 милиони евра.
Телин оваа година дебитираше во Лигата на шампионите. Во првенството на Шведска одигра 14 натпревари за Малме и постигна пет голови на патот кон одбраната на титулата.
Поради добрите игри, во ноември минатата година дебитираше за репрезентацијата на Шведска.

Најнови вести