12.1.2016 Њукасл го доведе Севе од Бордо
Фудбалерот од средината на теренот на Бордо, Анри Севе, потпиша петгодишен договор со Њукасл, соопшти англискиот премиерлигаш.
Дваесет и пет годишниот фудбалер од Сенегал за францускиот тим дебитираше во 2007 и во дресот на„жирондинците“ одигра 178 натпревари и постигна 23 гола.
Њукасл за Севе плати околу 6 милиони евра, наведуваат медиумите од островот. Освен како играч за врска Сенегалецот може да игра и како крилен играч.
„Многу сум среќен и горд сум што сум овде и што ќе играм за овој клуб“, изјави Севе по комплетирањето на трансферот.