Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2018

Појет нов тренер на Бордо

Уругваецот Густаво Појет е именуван за нов тренер на францускиот фудбалски клуб Бордо.

Појет минатиот септември си замина од кинескиот клуб Шангај Шенхуа и оттогаш немаше ангажман.
Тој на клупата на Бордо го замени Жослен Гурвенек, кој го напушти клубот во четвртокот, по поразот од Каен со 0-2.
Бордо се наоѓа на 11-тото место на табелата со 26 освоени бода од 22 натпревари. Четириесет и деветгодишниот Појет , меѓу останатите, ги тренираше и Сандерленд, АЕК од Атина, Бетис и Брајтон.

Најнови вести