22.8.2013 Сертис месец дена надвор од теренот
Поради тешка повреда на глуждот, фудбалерот од средината на теренот на Бордо, Грегори Серис, ќе пропушти уште четири седмици.
Дваесет и четиригодишен потенцијален хрватски репрезентативец се повредил на трети август во дуелот од францускиот Суперкуп против ПСЖ во еден дуел со Езекиел Лавеци.
Тој го заврши натпреварот, а на повредата се пожали по крајот. Деталните прегледи покажаа дека е пред подолга пауза на стартот на првенството.
„Се работи за комплицирано изместување. Настрадаа дури четири лигаменти. Ме очекуваат уште три или четири недели пауза“, објасни фудбалерот.