27.11.2015 Ливерпул помина понатаму, Наполи максимално
Фудбалерите на Ливерпул продолжија со добрата игра во Лигата на Европа, па во петтото коло го победија Бордо на домашен терен со 2-1.
Тимот на Јирген Клоп со оваа победа пред крајот на колото се избори за пласман во 1/16 финалето од групата Б, бидејќи има четири бодови повеќе од третопласираниот Рубин.
Не започна сè баш најдобро за „црвените“ бидејќи гостите поведоа во 33-тата минута, а само пет минути подоцна изедначи Милнер со пенал, додека пак во последната минута од првиот дел Кристијан Бентеке го постави кочениот резултат.
Во групата А екипата на Молде е поразена дома од Фенербахче со резултат од 2-0, но и пред ова коло Молде имаше обезбедено пласман за следната фаза. Победата на Фенербахче ја донесоа Фернандо и Туфан во второто полувреме.
Фенербахче е сега втор со осум бода, два помалку од Молде и два повеќе од Ајакс кој пак го победи Селтик во Глазгов со 2-1. Мекгрегор му донесе водство на Селтик во четвртата минута, изедначи Милик во 22 минута, а пак победата на гостите им ја обезбеди Черни две минути пред крајот на натпреварот.
Во групата Д Наполи постигна триумф против Бриж на гостински терен, а единствен стрелец на овој натпревар беше Кирикеш во 41-та минута.
Легија во вториот натпревар во групата го совлада Митјиланд со 1-0 и успеа да ја усложни ситуацијата пред последното коло. Полскиот тим сега се наоѓа на третото место и има четири бодови, исто како и Бриж, а Митјиланд е на второто место со 6 бода.
Во групата Е, нема дилема кој ќе оди понатаму. Вилјареал го победи Рапид со резултат 1-0, но и двете екипи ќе продолжат понатаму бидејќи по петтото коло имаат по 12 бодови.
Во групата Ф, Брага го победи Либерец со 2-1 резултат, а сега се наоѓа на врвот на групата со 12 бодови. Гостите поведоа во Португалија со голот на Ефремов во 35-тата минута, а во 42-та минута изедначи Фереира, додека пак во 92-та минута победата на Брага ѝ ја донесе Крислан.