Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2016

Жереми Менез остана без дел од увото

Францускиот напаѓач пред два дена дојде од Милан во Бордо, а веќе на првиот натпревар за „жирондинците“ доживеа ужасна повреда.

Бордо и Лориен одиграа подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона на Лига 1, но поранешниот фудбалер на Сошо, Монако, Рома и ПСЖ нема по добро да го памети своето деби во дресот на новиот клуб.
Крилниот напаѓал мораше да ја напушти играта во 77-та минута откако противничкиот фудбалер Дидие Н’Донг после дуел за топка невнимателно со крампон му скина дел од десното уво.
„Жереми Менез остана без дел од увото за време на натпреварот со Лориен. Клупскиот медицински персонал ќе се посоветува со хирурзите во врска со операцијата и заздравувањето на нашиот нов фудбалер“ се вели во соопштението на клубот.

Најнови вести