Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2013

Муту ќе паузира најмалку три седмици

Адријан Муту, 34-годишниот романски напаѓач на францускиот прволигаш Ажаксио, ќе отсуствува од фудбалскиот терен најмалку три седмици поради повреда на листот на левата нога.

Веста ја објави неговиот клуб на својата интернет-страница, а точниот период на неговото отсуство ќе биде познат по деталните прегледи. Муту минатиот викенд ги одигра сите 90 минути во победата од 1-0 на Ажаксио над Бордо, во 24-тото коло од францускиот шампионат.
Оваа сезона во 18 лигашки настапи постигна седум голови, а неговата екипа се наоѓа на 13-тото место на првенствената табела.

Најнови вести