02.8.2014 Очоа три години во Малага
Шпанскиот прволигаш Малага објави дека го ангажираше мексиканскиот репрезентативен голман, Гилјермо Очоа, еден од најзабележителните голмани на минатото Светско првенство во Бразил.
Дваесет и деветгодишниот Очоа претходните три сезони ги помина во францускиот Ажаксио, а на голот на клубот од Андалузија ќе го замени Аргентинецот Вили Кабалјеро, новиот член на англискиот шампион Манчестер сити.
Мексиканецот потпишал тригодишен договор, а финансиските детали на трансферот не се соопштени.
Малага на отворањето на новата сезона во шпанската Примера на 23 август го пречекува Атлетико Билбао.