Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2016

Ибрахимовиќ во друштво на Муту и Карев

Златан Ибрахимовиќ, центарфорот на Манчестер јунајтед, стана трет играч во историјата кој постигнувал голови во европските натпреварувања за седум различни клубови.

Швеѓанецот беше стрелец на единствениот гол за „црвените ѓаволи“ во победата над Зорја во втората рунда од групната фаза на Лигата на Европа.
Со тоа Ибра, по Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ, го постигна првиот погодок во европското натпреварување за клубот од „Олд Трафорд“.
Покрај него, само уште Адријан Муту и Џон Карев беа стрелци во меѓународните натпреварувања за седум различни екипи.
Романецот погодоците ги постигнуваше во дресовите на: Динамо од Букурешт, Парма, Челзи, Јувентус, Фиорентина и Петролул, а Норвежанецот за: Волеренга, Розенборг, Валенсија, Рома, Бешикташ, Олимпик од Лион и Астон вила.

Најнови вести