30.6.2016 Тулалан прејде во Бордо
Досегашниот фудбалер на Монако Жереми Тулалан потпиша двегодишен договор со Бордо, пренесуваат француските медиуми.
Покрај тоа што му остана уште година дена од договорот со Монако, Тулалан минатата седмица преговараше со управата на клубот околу раскинување на договорот.
Поранешниот француски репрезентативец изјави дека се одлучил за заминување од Монако бидејќи сака да биде поблиску до своето семејство во Нант.
„Поминав три прекрасни сезони во Монако и горд сум што допринесов за враќањето на клубот во врвот на француската лига и во европскиот фудбал. Време е за нов предизвик, кој ќе ме доближи до родниот град. Благодарен сум им на соиграчите и на стручниот штаб, на сите во клубот и на навивачите на константата поддршка“, изјави триесет и двегодишниот Тулалан.
Тулалан својата кариера ја започна во Нант 2001 година, од каде пет години подоцна потпиша за Лион. Тој во 2011 година помина во Малага, а две години подоцна потпиша договор со Монако.
Играше за младата селекција на Франција, а за „А“ селекцијата одигра 36 натпревари.