14.9.2015 Ибрахимовиќ подготвен за Малме
Златан Ибрахимовиќ, играчот на ПСЖ, ќе биде подготвен за натпреварот против Малме во Лигата на шампионите.
Ибрахимовиќ оваа сезона одигра само еден натпревар за ПСЖ. Во текот на настапот за репрезентацијата на Шведска го повреди стомачниот мускул, па го пропушти натпреварот против Бордо минатиот петок.
Тренерот Лоран Блан ќе може да смета на Ибрахимовиќ за натпреварот против Малме на „Паркот на принцовите“, кој повеќе пати изјавуваше дека чека да заигра против Малме, во којшто почна да игра фудбал.