Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Николов знае како против Малме

Бобан Николов знае како да одигра против Малме и во третиот меч против шведскиот состав остана непоразен. Вечерва, македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч за Видеотон во ремито против Малме, 1:1 на гостински терен

Првата рунда во третото  квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите му донесе добар резултат на Видеотон, а Николов и во третиот меч против Малме остана непоразен. Во дресот на Вардар, ланската сезона македонскиот репрезентативец се радуваше на успех, откако со нашиот првак во двомеч го елиминира Малме. Првиот меч тогаш заврши 1:1, идентично како и вечерва, а потоа во Струмица, Вардар победи со 3:1 и го исфрли од игра фаворитот. И во овој двомеч Николов и неговите соиграчи од Видеотон се аутсајдери, но имаат поволен резултат пред реваншот во Унгарија.

 

Најнови вести