Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2013

Тренерот на Сошо поднесе оставка

Францускиот прволигаш Сошо вчера остана без тренер. По очајниот влез во новата сезона, 48-годишниот Ерик Ели поднесе оставка, која управата на клубот ја прифати.

Сошо е единствена екипа во францускиот шампионат која ниту по седум кола нема ниедна победа. Конкретно, досега освои само два бода и е последен на првенствената табела.
Во средата Сошо беше поразен од Генгамп дури со 5-1 и по тој пораз Ели сфати дека е време за повлекување од клупата. Тој шест и пол години ја водеше резервната екипа на Сошо, а во март 2012 година беше промовиран во тренер на првиот состав. Двапати го спаси клубот од испаѓање во втората лига, а сега таа задача ќе ја има некој друг тренер.