06.3.2012 Сошо го отпушти тренерот
Францускиот прволигаш Сошо го отпушти босанско-херцеговскиот стратег Мехмед Баждаревиќ по помалку од девет месеци седење на клупата.
Причина за тоа е последното место на табелата во францускиот шампионат и пет бодови минус во однос на седумнаесеттата позиција, која не води во понизок ранг на натпреварување.
Иако минатата година заврши како петти на табелата, оваа сезона Сошо освои само дваесет и еден бод по одиграни дваесет и шест првенствени натпревари.
„Нешто беше потребно да се направи, и тоа го сторивме. Баждаревиќ повеќе не е тренер на нашата екипа“, стоеше на официјалната интернет-страницата на клубот.
Сè уште не е познато кој ќе го замени на жешката клупа, но, секако, од новиот тренер ќе се бара да го спаси овој клуб од испаѓање.