Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2015

Пјаниќ ќе паузира неколку седмици

Миралем Пјаниќ, фудбалерот на Рома, ќе го пропушти дуелот со Барселона на отворањето на Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина го повреди листот на десната нога на натпреварот против Андора во неделата (3-0), во квалификациите за ЕВРО 2016 година.
Во Рома се лути на Мехмед Баждаревиќ, селекторот на „змејовите“, поради тоа што го користел Пјаниќ против Андора, бидејќи тој три дена претходно почувствувал болка во дуелот со Белгија.
Освен во дуелот со Барселона, Пјаниќ нема да игра ниту на три натпревари во Серија А, против Фрозиноне, Сасуоло и Сампдорија, а се очекува да се врати за натпреварот со Карпи на 26-ти септември.
Пјаниќ прв пат од септември 2012 година ќе пропушти три последователни натпревари на Рома поради повреда.
Рома во првите две кола од Серија А освои четири бодови, но го победи четирикратниот последователен шампион Јувентус.
Пјаниќ постигна еден гол, токму во натпреварот против „старата дама“.

Најнови вести