Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2012

Дербито меѓу Марсеј и Лион одложено поради ветар

Дерби-натпреварот од десеттото коло на француското фудбалско првенство меѓу Марсеј и Лион, кој требаше да се одигра синоќа во 21 часот на „Велодром“, е одложен поради силниот ветар.

„По состанокот на Сигурносната комисија одржан на ’Велодром’ во 14 часот изразено е негативно мислење врзано со одржувањето на средбата меѓу Марсеј и Лион. Средбата е одложена засега на непознат датум. Силниот ветер ја погоди целата област на Марсеј“, стои во соопштението на интернет-страницата на Марсеј.
Во саботата беше одложен натпреварот од десеттото коло на францускиот шампионат меѓу Сошо и Евијан поради големо количество наврнат снег. Исто така, новиот термин на одигрување засега не е познат.

Најнови вести