21.6.2012 Мартен пет години во Лил
Францускиот репрезентативец Марвен Мартен официјално стана прво големо засилување за Лил ова лето.
Офанзивниот фудбалер за врска потпиша петгодишен договор со Лил, шампионот од пред две сезони кој оваа сезона ја заврши на третото место. Мартен дојде од Сошо каде имаше важечки тригодишен договор, за сума од 10 милиони евра.
Дваесет и четиригодишниот француски репрезентативец во Лил ќе се обиде да ја пополни празнината по заминувањето на најдобриот фудбалер, Еден Азар, во лондонскиот Челзи.