Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2018

Челзи го одби налетот на Реал: На Азар му нуди 300.000 фунти седмично

Еден Азар е една од најголемите цели на Реал од Мадрид во претстојниот преоден рок. Но, Челзи нема намера без борба да се откаже од најдобриот играч и е подготвен на актуелниот шампион на Европа да му парира со голема понуда.

Како што наведува „Дејли мејл“, апсолутен приоритет на „сините“ е да се зачува Белгиецот на „Стемфорд бриџ“ . За таа цел, сè уште актуелниот шампион на Европа е подготвен да понуди нов долгорочен договор и тоа во вредност од 300.000 фунти седмично! Во случај Азар да ја прифати оваа понуда, би бил втор најплатен играч на Премиер лигата, бидејќи само Алексис Санчес би имал посилен договор од него.
Овој договор му нуди 100.00 фунти повеќе на седмично ниво во однос на сегашниот, кој е со важност до 2020 година. Голема улога веројатно ќе има и крајниот пласман на Челзи во Премиер лигата, поточно дали ќе биде меѓу првите четири екипи и дали ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Се очекува безмилосна борба со Реал, но тоа нема да биде единствениот фронт за „сините“ против Кралскиот клуб. Цел на најтрофејниот шпански тим е и Тибо Куртуа, кого исто така Челзи сака да го задржи.

Најнови вести