Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2011

Марсеј шест седмици без Мбијa

Актуелниот француски вицешампион Марсеј најмалку шест седмици ќе биде лишен од услугите на својот одбранбен играч Стефан Мбијa.

Камерунскиот 25-годишен фудбалер го повреди левото стапало во неделата, во последната минута од ремито против Оксер (2-2) во второто коло од францускиот шампионат. Медицинските тестови вчера потврдија дека се работи за фрактура на петтата метатарзална коска на стапалото.
Екипата на Дидие Дешамп двапати одигра нерешено во првите две првенствени кола, најпрво дома против Сошо, а потоа една седмица подоцна во Оксер.  

Најнови вести