Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2012

Гана без Баду во полуфиналето

Емануел Агјеманг Баду, играчот за врска на репрезентацијата на Гана, нема да настапи во полуфиналето од Африканскиот куп на нации против Замбија поради повреда на коленото.

Членот на Удинезе се здоби со повреда на коленото во четврт-финалниот дуел против Тунис, кој неговиот тим успеа да го добие со 2-1 во продолжението, кога мечот го напушти со многу болки.
Баду не беше присутен на последниот тренинг на неговата репрезентација, а за новинарите откри дека мечот со Замбија е изгубен. Селекторот Горан Стевановиќ се надева дека доколку неговата селекција влезе во финалето, тогаш тој ќе може да им помогне.
„Го отпишав овој меч. Чувствувам болки во коленото од натпреварот со Тунис и сигурно нема да настапам против Замбија“, рече Баду.
Натпреварот се игра денеска со почеток во 17 часот, а и покрај овој хендикеп, Гана сè уште е фаворит како за овој меч така и за освојување на шампионатот кој се одржува во Габон и Екваторска Гвинеја.

Најнови вести