Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2016

Познати сите учесници на Африканскиот куп на нациите

Одиграни се сите натпревари во квалификациите и познати се сите 16 земји што ќе се натпреваруваат во Африканскиот куп на нациите.

Африканскиот куп на нациите почнува во јануари наредната година, а ќе се одржи во Габон.
Покрај домаќинот Габон, учество низ квалификациите изборија уште 15 репрезентации, а тоа се: Мароко, Алжир, Камерун, Сенегал, Египет, Гана,Гвинеја Бисао, Зимбабве, Мали, Брегот на Слоновата Коска, Уганда, Буркина Фасо, Тунис, ДР Конго и Того.
Од 52 репрезентации, коишто беа поделени во 13 групи, на финалниот турнир се пласираа првопласираните од секоја група, како и двата најдобри второпласирани тимови.
По 39 години, на смотрата на најдобрите селекции на африканскиот континент се пласираше и репрезентацијата на Уганда.