Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2012

Шамах ќе го пропушти клучниот дуел со Габон?

Маруан Шамах, мароканскиот фудбалски репрезентативец, има вирус и нема да тренира со екипата која се подготвува за одлучувачката средба од второто коло на групата Ц на Африканскиот куп на нациите против Габон, која ќе се одигра утре во 20 часот.

Ерик Герец, селекторот на Мароко, им изјави на присутните новинари во главниот град на Габон, Либервил, дека, најверојатно, ќе остане без првиот напаѓач за средбата од второто коло против Габон.
„Имаше вирус и не тренираше со нас вчера. Ќе видиме како ќе се чувствува денес. За жал, вакви работи се случуваат“, рече Герец.
Шамах играше во првата средба од групата Ц во која Мароко беше изненадувачки поразен од Тунис со 2-1, и покрај многу подобрата игра. На Мароканците им се потребни трите бода од средбата со Габон доколку сакаат да продолжат понатаму.

Најнови вести