06.12.2011 Венгер против Олимпијакос ќе го одмори половина тим
Иако гостува кај Олимпијакос, во склоп на шестото коло од групата Ф во Лигата на шампионите, Арсенал веќе го осигури не само пласманот во понатамошната фаза туку и првото место на табелата, па затоа Арсен Венгер одлучи да поштеди неколку клучни фудбалери.
Во Лондон останаа Робин ван Перси, Војќех Шченсни, Лоран Косељни, Тео
Волкот и Жервињо.
Сепак, Французинот се одлучи да понесе и неколку искусни фудбалери, како
што се: Јоси Бенајун, Андреј Аршавин, Томас Вермелен и Томаш Росицки.
Алекс Окслејд-Чемберлен, кој минатата недела заигра за „топчиите“ во
поразот во Карлинг купот од Манчестер сити, најверојатно, ќе добие шанса за
настап. Во конкуренција се и Чу-Јунг Парк и Маруан Шамах