Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2012

Стартува осиромашениот Куп на Африкански нации

Африканското фудбалско првенство, 28 по ред, почнува денес и ќе се игра до 12 февруари во Габон и во Екваторијална Гвинеја.

Годинешново издание на Купот на Африкански нации не предизвикува многу внимание како претходните турнири, но многу веројатно е дека ќе има интересни и неизвесни натпревари како и изненадувања кои се неизоставен дел на шампионатот.
На турнирот нема да играат Египет, кој трипати по ред победи на последните три изданија и кој со седум титули е најуспешна селекција на ова натпреварување. Го нема и четирикратниот шампион Камерун ниту двојниот првак Нигерија и поради тоа Купот не привлекува внимание како претходните шампионати кога конкуренцијата беше силна и изедначена.
Сепак на овој Куп на Африканските нации ќе настапат квалитетни фудбалери кои играат за најдобрите европски клубови. Дидие Дрогба (Челзи), Јаја и Коло Туре (Манчестер сити), Сејду Думбија (ЦСКА Москва) Жервињо (Арсенал), Сијака Тијене (ПСЖ) се имиња кои гои говорат дека Брегот на Слоновата коска има најквалитетен состав и дека е најголем фаворит за титулата оваа година. „Слоновите“ се во лесна група и реално имаат отворен пат до полуфиналето и пред нив е убава можност да стигнат до својата втора титула, прва по 20 години.
Четирикратниот првак и вицешампион Гана е во најтесниот круг на кандидати за освоојување на трофејот, но изгледа дека српскиот стручњак Горан Стевановиќ, нема состав за златото.
Сенегал никогаш не бил африкански шампион и се чини дека сега имаат историска можност. Сенегалците имаат квалитетна репрезентаџија, а импресивен е нападот кој е составен од Мамаду Нијанг, Демба Ба, Муса Сов и Папис Сисе.
Овие три репрезентации се најголемите кандидати, но фаворити од сенка се Мали и непредвидливите Тунис и Мароко кои по еднаш триумфирале на овој турнир.
На премиерата, домаќинот Екваторијална Гвинеја игра против Либија во 19:30 часот, а во 22 часот се среќаваат Сенегал и Замбија.
Останатите натпревари во групите се играат во термините од 17 и 20 часот, а последното коло ќе се игра во 19 часот. Четврт-финалето се игра на 4 и 5 февруари, полуфиналето на 8 февруари, натпреварот за трето место на 11 февруари, а финалето на 12 февруари.

Најнови вести