Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2018

Муса им донесе радост и на Нигерија и на Аргентина

Фудбалерите на Нигерија во второто коло на Светското првенство во Русија во рамките на групата Д ја совладаа екипата на Исланд со 2-0. Двата гола ги постигна Ахмед Муса.

Првото полувреме не беше многу интересно. Двете екипи играа многу лошо, Исланд ја поседуваше топката помалку од 40 отсто, а Нигеријците не знаеја што да направат со топката.
Веднаш во второто полувреме Нигеријците почнаа да се ангажираат во нападот, што се исплатеше во 49-тата минута. Виктор Мозес центрираше во контра од десната страна, го пронајде Ахмед Муса, кој преубаво ја прими топката, а потоа ја испрати во мрежата на Исланд.
Нигерија беше поконкретна, но главно шутираше од дистанца, па во 71-вата минута Муса ја погоди пречката. Една минута подоцна, тој ја измеша одбраната на Исланд, вклучувајќи го и голманот, па ја испрати топката во мрежата за 2-0.
Тука не беше крајот на возбудувањата бидејќи во 82-рата минута Исланд имаше пенал по фаулот во казнениот простор. Но, Гилфи Сигурдсон топката ја испрати над пречката и со тоа ги изгасна надежите на Исланд дека може да дојде до бод. До крајот на натпреварот се обиде Финбогасон, но неговиот удар го одбрани нигерискиот голман.

Најнови вести