26.5.2011 Шамак: „Не заминувам од Арсенал“
Напаѓачот на Арсенал, мароканскиот репрезентативец Маруан Шамах, јасно стави до знаење дека ова лето нема намера да си замине од лондонскиот клуб.
Англиските медиуми шпекулираа дека играчот на „топчиите“ само по една
година мината на „Емирати“ ќе се врати во Франција, поточно во Олимпик Марсеј.
„Оваа информација нема врска со вистината. Кога би го напуштил Арсенал и би
се вратил во Франција, тоа би било само во Бордо. Во Франција можам да играм само
во мојот поранешен клуб“, изјави Мароканецот, кој одлично играше за Арсенал во
првиот дел од сезоната, но потоа влезе во криза и пад на формата.