Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2012

Мароко без Тарабт на Африканскиот куп на нациите

Мароканецот Адел Тарабт, најдобриот фудбалер на Квинс парк ренџерс, нема да игра за репрезентацијата на Африканскиот куп на нациите бидејќи селекторот Рашид Тауси не го смести во конечниот список на патници.

На списокот од 23 играчи не е ниту Маруан Шамах, напаѓачот на Арсенал, но ќе настапат Карим Ел Ахмади од Астон вила и напаѓачот на Ливерпул, Усама Асаиди.
„Се надевав дека ќе играм во Јужна Африка, не ми се допадна оваа одлука, но тоа нема да ме спречи да бидам најголем навивач на Мароко на турнирот“, рече Тарабт.
Африканскиот куп на нациите на програмата е од 19-ти јануари до десетти февруари следната година во Јужна Африка.

Најнови вести