Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2016

Ди Натале по 12 години го напушта Удинезе

Легендарниот капитен на Удинезе Антонио ди Натале откри дека на крајот на сезоната, по 12 години ќе го напушти клубот.

„Натпреварот против Карпи за две седмици, во последното коло, ќе биде мојот последен натпревар во црно-белиот дрес. За жал, во моментов сум повреден и нема да бидам во можност да му помогнам на својот тим на денешниот натпревар против Торино кој е многу важен за опстанокот, но верувам во своите соиграчи. Заминувам со исправена глава, горд сум на сè што сум сторил и благодарен сум им на сите“, изјави 38-годишниот Ди-Натале.
Тој откри дека заминувањето од Удинезе не значи крај на неговата играчка кариера.
„Планирам сè уште да играм. Ќе морам да го прашам Тоти за совет“, порача Ди-Натале.
Тој во Удинезе пристигна во 2004 година од Емполи и на вкупно 439 натпревари постигна 226 голови.
Тој е икона на клубот, иако не започна во Удинезе, тој стана легенда бидејќи повеќе пати ги одбиваше понудите на Јувентус, Интер и Милан, со образложение дека парите не се најбитни во животот.
Во дресот на Удинезе два пати беше најдобар стрелец во Серија А (2010, 2011), а беше и најдобар играч во Серија А во 2010 година.
За репрезентацијата на Италија одигра 42 натпревари и постигна 11 голови.

Најнови вести