Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2016

Јувентус без Дибала против Емполи

Јувентус ќе биде ослабен без својот најдобар напаѓач Пауло Дибала на денешниот натпревар со Емполи.

Аргентинецот има повреда на мускулот настапувајќи за репрезентацијата минатата седмица, па ќе мора да се одмори неколку дена.
Дибала блескаше во својата прва сезона во Торино, постигна 14 голови со 8 асистенции во Серија А.
Масимилијано Алегри не може да смета ниту на суспендираниот Леонардо Бонучи, Алекс Сандро, Сами Хедира, но на теренот се враќаат Џорџо Кјелини, Клаудио Маркисио и Андреа Барцаљи.
„Старата дама“ се бори со Наполи за титулата, има три бодови повеќе на осум кола пред крајот на сезоната во Серија А.
Наполи во 31-то коло му гостува на Удинезе, кој пак се бори за опстанок.

Најнови вести