Корисничко име Лозинка Пријави се
24.9.2014

Торес: Среќен поради голот, но би го заменил за победа на Милан

Фернандо Торес, фудбалерот на Милан, изјави дека е среќен поради првиот гол за клубот, но дека ќе му биде потребно уште време да се адаптира на новата екипа.

Милан вчера одигра реми од 2-2 против Емполи. Торес во 43-тата минута го намали заостанувањето на „росонерите“, а бод на Милан му донесе Кеисуке Хонда во 58-мата.
„Среќен сум поради голот, но би го сменил за победа на Милан. За секој напаѓач е важно да влегува во шансите и да ја тресе мрежата. Разочарани сме од ремито, но не смееме да заборавиме дека губевме со 2-0. Сè уште се навикнувам на екипата, но со вакви добри соиграчи, тоа ќе биде полесно. Среќен сум и ми расте самодовербата, иако секогаш знам многу подобро“, изјави Торес за клупската телевизија.
Екипата на Милан по четири кола во Серија А, го зазема третото место на табелата, со седум бодови, два помалку од Рома и Јувентус, коишто вечерва играат првенствени натпревари.
Шпанецот летоска дојде во Милан на двегодишен заем од Челзи.
Претходно за клубот од Лондон одигра вкупно 172 натпревари и постигна 45 голови.


Најнови вести