Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2015

Инзаги си оди од Милан поради судир со фудбалерите

Филипо Инзаги, тренерот на Милан, најверојатно ќе биде сменет поради лошите резултати, но и поради тоа што фудбалерите отворено застанаа против него, вчера пренесе „Кориере дело сера“.

Адријано Галијани, потпретседателот на Милан, по поразот од Удинезе (2-1) во Серија А, разговарал со играчите, коишто изјавиле дека Инзаги не е дораснат за клупата на „росонерите“.
Претседателот Силвио Берлускони незадоволен од изданието на екипата во Удине, сакал веднаш да му врачи отказ, но откако се консултирал со Галијани, одлучил да му даде уште една шанса.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Инзаги практично е сменет бидејќи слична ситуација се случила и со претходниот тренер Кларенс Сидорф, кога целата екипа била за негово заминување.
Милан се наоѓа на десеттото место на табелата на Серија А и има 43 бодови.

Најнови вести